Жените од СОЖМ побараа Османи да си поднесе оставка

Откако беше направена репортажата за хорор условите во породилиштата низ земјава, од Националниот совет на жени на Македонија СОЖМ, побараа министерот за здравство Бујар Османи да си поднесе оставка.



Савка Тодоровска, претседателката на СОЖМ, упати апел до владата, до Министерството за здравство и Фондот за здравство да превземат итни мерки и да се создадат услови за безбедно мајчинство.


“Очекуваме владата итно да дејствува од причина што подолг период се реализира кампања за трето и четврто дете“ - истакна Тодоровска .


Тодоровска изјави дека многу породилишта работат на работ на минимум стандарди за квалитетно безбедно породување, додека некои не ги исполнуваат ни минималните услови.


Bookmark and Share Објавена на: 29/07/2010 14:02