Заседание на парламентот прекинато поради жена со вел

Седницата на застапничкиот дом на парламентот на Босна и Херцеговина вчера беше прекината на барање на пратениците на Сојузот ба независни социјал демократи, кои од обезбедувањето бараа да објасни како во собраниската сала се нашла жена со покриено лице.



Утврдено е дека жената која дошла по никаба е Нада Диздаревиќ, претставничка на здружението за човекови права “Рамноправност за сите”, кое се противи на донесувањето на закон за забрана на носење вел, кој во потполност го покрива лицето на муслиманката.


“Законот за забрана на носење никаба само што е предложен, а ваквото однесување кон мене покажува дека тие никогаш не ја почитувале жената муслиманка” – вели Диздаревиќ.


"Парламентот тоа не може да го прифати.  Диздаревиќ е заинтересирана за точка од дневниот ред која се однесува на забраната за носење облека која оневозможува идентификација и претпоставувам дека нема да отиде” – вели пратеникот Мехмед Мехмедовиќ.


СНСД и претходно во парламентот во БиХ покрена иницијатива за донесување закон со кој во оваа земја ќе се забрани носење никаби.

Bookmark and Share Објавена на: 29/07/2010 13:27