Симона и Ерик Фокс - специјални гости на „Мис глоуб“ во Албанија

Лозано, Кајмакоски и Ламбе ќе си ги одмерат силите

МАРС: На 25 ноември ќе се избираат најслушаните песни во 2014 година

ДА БИДЕМЕ ХУМАНИ: Цела естрада ќе пее за д-р Евица Бојаџиева во Штип

04/10/2013 - 12:24

Пиротехника ќе ја раздени „Белата ноќ“

Изложби, промоција на книги, работилници, спортски натпревари, модна ревија и уште многу други содржини на повеќе локации во градот, ќе ја дополнат програмата за целовечерно уживање во културата

Спектакуларно музичко/пиротехничко шоу на плоштадот „Македонија“ предводено од Commandos Percu, B.P.M. Bombs per Minute заедно со диџеј Славе, ќе биде централниот настан на годинешната „Бела ноќ“.

Екипата патува по светот со својот перкусионизам и специфична умешност со огнометот. Фузијата од музика и огномет е нивниот главен механизам. Јазикот што е и нов и прастар, минува низ неколку култури и жанрови.

Во МКЦ ќе биде претставен проектот „Уметникот и диктатурата“. Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“-Скопје ќе има отворен ден во кој јавни личности ќе бидат во улога на библиотекари.

Платото на МКЦ ќе се стопи со перформансот „Топење“ на Борис Петровски.

(Фото: belanok.mk)

(Фото: belanok.mk)

- Енормно брзиот технолошки развој и брзиот начин на живот на општеството, резултира со прогресивна стапка на затоплување на земјата, чии последици се катастрофални – е пораката на перформансот.

За сите љубители на филмот во кината „Милениум и Фросина“ ќе има целодневни филмски маратони, за сите видови на публика од најстари до најмлади, додека во киното на отворено во Градскиот парк ќе бидат прикажани најдобрите остварувања што публиката ги пропуштила на фестивалот „Синедејс“.

Андерграунд рокенрол бендот Gillespie од Косово ќе свири на платото пред стоковната куќа „Мост“, додека нашите изведувачи Џоле Максимовски, Зоран Костадиновски, Дино Милосављевиќ и Влатко Георгиев ќе настапат во МКЦ, како дел од проектот „Мјузик рајот“.

(Фото: belanok.mk)

(Фото: belanok.mk)

Изложби, промоција на книги, работилници, спортски натпревари, модна ревија и уште многу други содржини на повеќе локации во градот, ќе ја дополнат програмата на „Белата ноќ“ за целовечерно уживање во културата.

(Телеграф.мк)

Оставете коментар

Коментарот можете да го испратите и користејќи:

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*