Ријана конечно одговори на шпекулациите за Ди Каприо

Малолетната сестра на Кардашијан почна да се разголува на Инстаграм (ФОТО)

Вака ќе изгледа новиот филм за Џејмс Бонд (ВИДЕО)

Саша Барон Коен во улога на Фреди Меркјури

02/12/2013 - 09:38

Кој е возачот што загина со Пол Вокер?

Тие биле вистински пријатели кои делеле исти интереси и цели, велат блиски извори на семејствата за „Е-њуз“. Роџер Родас бил извршен директор и консултант кој работел во Банката на Америка и „Мерил Линч“ повеќе од 20 години

Роџер Родас и Пол биле блиски пријатели и луѓе што безрезервно го сакале своето семејство повеќе од што било друго.

Тие биле вистински пријатели кои делеле исти интереси и цели, велат блиски извори на семејствата за „Е-њуз“. Роџер Родас бил извршен директор и консултант кој работел во Банката на Америка и „Мерил Линч“ повеќе од 20 години.

Тој и Вокер ја делеле истата пасија кон автомобилите. Според консултантскиот сајт „Мерил Линч“, Вокер го запознал Роџер на трка на калифорнискиот тркачки клуб.

- Тие долго разговарале, а Вокер бил фасциниран од автомобилот „порше ГТ3“ на Родас. Набргу двајцата се тркале еден покрај друг, а неодамна тие се натпреварувале заедно со уште двајца професионални возачи во 25-часовна трка на издржливост во Тандер Хил, Калифорнија – велат од сајтот „Мерил Линч“.

Вокер и Родас биле сопственици на работилница и сервис за автомобили  во Санта Кларита и на продавница наречена „Олвејс еволвинг“. Во април Вокер за магазинот „Пасмаг“ се пофалил за продавницата и дека се тркал со своите партнери.

(Телеграф.мк)

Оставете коментар

Коментарот можете да го испратите и користејќи:

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*