ВМРО селективна во однос на криминалот?!

СДСМ и ВМРО ДПМНЕ се објаснуваат како се води битката против криминалот



На вчераодржаната седница за пратенички прашања, пратеничката од Социјалдемократскиот сојуз, Весна Бендеска обвини дека Владата е селективна кога станува збор за борбата против корупцијата и организираниот криминал.


“На вашата веб страна на ВМРО ДПМНЕ во април месец 2008 година беше организиран форум на тема ’Борба против корупцијата и организираниот криминал’ и тоа во репрезентативен состав Јанкуловска, Вељаноски, Каргов и кој друг ако не Ване Цветанов. Тогаш се согласивте дека законите ќе важат подеднакво за сите. Но, на 13 јули годинава СВР Битола поднесе прекршочни пријави против 12 високи функционери на РЕК Битола за криминал тешок седум милиони евра, а тие луѓе се уште на своите работни места“ - обвини Бендеска.  Пратеничката го запраша премиерот зошто нема обвиниение за актуелниот министер за одбрана Зоран Коњановски кој тогаш бил директор на РЕК-Битола, дали тој ќе биде амнестиран од одговорност.


Ставот на премиерот Никола Груевски во однос на ова прашање е дека владата и понатаму ќе со бори против корупцијата и организираниот криминал и притоа нема да има никакава селекција, ако за некој постои доказ дека го прекршил законот, без разлика кој е, ќе ја сноси одговорноста.


“Ако за некој постои каков било доказ дека го прекршил законот, независно кој е, каква  функција врши и од која партија е или пак етничка, верска, партиска припадност, кај нас нема разлика.  Ова прашање можам да го разберам само од аспект на вашето постапување и вашата матрица на размислување“ - одговори Груевски.


Наместо да ги решавате, обвини СДСМ и праша кој е следен за апсење и дали се уплашивте од митингот на опозицијата.


Бендеска упати прашање и за стечајците кои и денеска протестираа пред Собранието.  Како што рече таа, наместо да се решаваат проблемите со криминалот во Сведмилк, со притисоци се заплашуваат млекарите.  Таа запраша кој е следниот кој ќе биде со лисици на раце.  Бендевска го запраша премиерот и дали е подготвен да го исполни ветувањето од 2008 година и да го реши статусот на стечајците кои спротивно на Уставот се без никаква материјална обезбедност. 


“Недвосмислено ветивме дека ќе донесеме закон, кој го донесовме, со кој сите стечајни работници кои имаат над 25 години работен стаж, а кои излегуваат од фирми кои во моментот на пропаѓање биле во доминантна државна сопственост, за нив ќе се обезбеди месечно обештетување од околу 6.000 денари до пензионирањето.  Онака како што беше ветено, така беше остварено“ - одговори Груевски.


Опозицијата постави прашање и за формирање на комисија во Собранието која ќе разгледува ревизорски извештаи за трошењето на буџетот, а премиерот рече дека го охрабрува тој потег и нема ништо против.

Bookmark and Share Објавена на: 29/07/2010 21:43