ИНТЕРНЕТ ФАКТИ: 19 одсто од брачните парови се запознале онлајн

Од „Гугл стрит вју“ фотографираа во скопски Аеродром (ФОТО)

Заработете половина милион долари од твитови

ОХРИД: Спортски и научни дисциплини на Информатијада

15/12/2013 - 11:48

ПРОВЕРЕТЕ СИ ИМЕЈЛ НА ЈАХУ: Решен неколкудневниот проблем

Компанијата им се извини на своите корисници поради непријатностите

„Јаху маил“ се извини за проблемите со кои се соочуваа корисниците, кои неколку дена немаа пристап до својата електронска пошта. Извршната директорка на „Јаху“, Мариса Мајер, напиша „многу ни е жал“ на својот профил на „Тумблр“.

- Ова беше напорна недела за нашите корисници и многу ни е жал. Многу ве изневеривме. Ние можеме и сакаме да работиме подобро во иднина – напиша Мајер.

Проблемот започнал во понеделникот поради хардверски проблем на еден од „Јаху меил“ серверите.

„Јаху маил“ има околу 289 милиони месечни корисници во светот и е на второ место по „Џимејл“ со 304 милиони корисници.

Проблемот беше поправен во петокот.

(Телеграф.мк/Извор: Humffington Post)

 

 

 

Оставете коментар

Коментарот можете да го испратите и користејќи:

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*