Кина конструира суперсонична подморница побрза и од авион (ВИДЕО)

Обувки што сами ви го покажуваат патот (ВИДЕО)

Ракета од седум милијарди долари ќе ги носи колонистите на Марс (ВИДЕО)

КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ: Атлантикот го забавува глобалното затоплување

16/07/2013 - 12:02

Како „умира“ Сонцето

Сонцето се наоѓа на половина од својот животен циклус, а неговото дефинитивно заоѓање нема да има никаква сличност со секојдневните зајдисонца

Сонцето е старо приближно 4,5 милијарди години. Составено е главно од водород, малку хелиум и траги од јаглерод, кислород и азот.

Се смета дека досега има потрошено половина од своето „гориво“, односно водородот. Судбината на Сонцето нема да биде таква да експлодира како супернова, ниту ќе создаде црна дупка, туку ќе влезе во процес на формирање огромна црвена ѕвезда. Причините за ова, според Дејвид Хатавеј, астрофизичар кој работи за НАСА, се тоа што Сонцето нема доволно маса за да креира црна дупка или суперова, а ѕвездите што креираат супернова најчесто имаат придружна ѕвезда, што не е случај со Сонцето.

Се претпоставува дека ќе поминат 5,4 милијарди години додека Сонцето да стане огромна црвена ѕвезда. Во текот на овој процес Сонцето ќе се зголемува до обемот илустриран на фотографијата.

Фото:wikipedia.org

Фото: wikipedia.org

Во текот на процесот на „согорување на Сонцето“, според теоријата за еволуција на ѕвездите, тоа ќе се претвори во црвен џин кога ќе го потроши целиот водород во своето јадро, а јадрото ќе колабира и ќе стане бело џуџе-ѕвезда.

Во дел од ваквата трансформација се претпоставува дека Сонцето ќе изгледа како планетарна небула, слично на планетарната небула ИЦ 289 (прикажана на фотографијата подолу).

Фото:scitechdaily.com

Фото:scitechdaily.com

А оние што сакаат да дознаат повеќе за Сонцето и за неговиот „живот“, а не само за неговото изумирање, интересни факти може да проследат во отворениот „чет“ на д-р Дејвид Хатавеј, кој НАСА го хостира пред две години.

(Ј.Ѓ./Телеграф.мк)

Тагови: изгоре, сонце

Оставете коментар

Коментарот можете да го испратите и користејќи:

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*