Тачи: Отворен е патот на Косово кон ЕУ и НАТО

Премиерот на Косово, Хашим Тачи порача дека меѓународниот суд на правдата го отвори патот на Косово кон НАТО, ЕУ и ОН и упати апел до сите земји што се уште не го признале Косово за независно, да донесат одлука за признавање на новата држава.



Тачи истакна дека по објавувањето на мислењето на МСП дефинитивно и дојде крај на надгледуваната независност.


Од кабинетот на премиерот на Косово нагласија дека одлуката на судот во Хаг и дава печат на независноста на Косово.


”Мислењето на МСП е голема победа за државата Косово, но и за целиот регион.  Ние секогаш верувавме во меѓународната правда и секоја одлука ја носиме согласно меѓународното право” - додаде Тачи.

 

Bookmark and Share Објавена на: 27/07/2010 12:38