51 загинати од пад во каналите во Амстердам

media_xl_1065839.jpg

Во каналите на Амстердам во последните три години се удавиле најмалку 51 лице. Повеќето жртви биле мажи, кои застанувале да мочаат покрај каналите и паѓале во водата. Само еден случај од сите е регистриран како убиство.
Стручњаците заклучиле дека останатите жртви по своја вина се нашле во студените води на каналите, кои се една од најголемите атракции на градот Амстердам. Проблемот најчесто се состоел во фактот, дека жртвите откога се нашле во водата не можеле да се извлечат од таму, поради недостиг на скалила на кејовите како и недостиг на безбедносни гумени ленти закачени на ѕиовите на кејовите поставувани за такви цели. Овие ленти последните години се постојана мета на крадци и скоро и да ги нема веќе покрај каналите.
Поради ова советниците во градската управа, како и стручњаци кои се грижат за изгледот на градот предлагаат да се изградат повеќе скали покрај кејовите, како и да се воведе постојана служба на спасувачки чамци кои деноноќно ќе патролираат покрај најфрекфрентните канали.

Bookmark and Share Објавена на: 09/01/2012 17:20

 
 

Време

Last update 22/02 19:53