Путин ја предаде кандидатурата за претседателските избори

Рускиот премиер Владимир Путин денеска во Централната изборна комисија ја предаде документацијата за официјална регистрација како кандидат за претседателските избори, што треба да се одржат на 4 март следната година.

Путин, како кандидат на партијата Единствена Русија, лично ја донесе документацијата во ЦИК.

Според руските закони, изборната комисија има десет дена да се изјасни за кандидатурата.
Путин е прв руски политичар што поднесе барање официјално да биде регистриран како кандидат на мартовските избори.

Тој беше претседател на Русија во два мандата, од 2000 до 2008 година, а намерата повторно да се кандидира ја обелодени во септември.

Руските медиуми пренесуваат дека се очекува на изборите да учествуваат најмалку четири кандидати, а речиси е извесно дека меѓу нив ќе биде лидерот на Либерално-демократската партија на Русија Владимир Жириновски, лидерот на руските комунисти Генадиј Зјуганов и водачот на партијата на левиот центар Праведна Русија, Сергеј Миронов.

Bookmark and Share Објавена на: 08/12/2011 08:54

 
 

Време

Last update 22/02 19:53