Британската обложувалница „Вилијам Хил“ денеска понуди обложување на пропаст на еврото, со коефициент од 3:1 дека заедничката европска валута ќе престане да постои до крајот на 2012 година.
Обложувалницата исто така понуди обложување за тоа која земја прва ќе ја напушти еврозоната, а шансите дека тоа ќе биде Грција се 1:4, додека веројатноста дека тоа ќе биде Италија е помала и изнесува 7:2.
„Судбината на еврото до 2013 година, на нашиот пазар се движи само кон еден правец, клиентите сакаат да се обложуваат само на негова пропаст“, изјави портпаролот на „Вилијам Хил“, Грејам Шарп.
Тој наведе дека шансите за пропаст на еврото до крајот на 2012 година во еден момент изнесувале 10:1. Европските лидери се состануваат утре во Брисел на самитот којшто има за цел да се спаси еврото.
Британскиот премиер Дејвид Камерон вчера предупреди дека ќе го блокира новиот договор на ЕУ доколку не бидат исполнети барањата на Лондон, вклучувајќи и заштита на неговиот финансиски сектор.