Кина ќе ги зголеми инвестициите во Европа

Кина ќе продолжи да ги зголемува своите инвестиции во Европа, изјави премиерот Ван Џијабао во говорот по повод отворањето на Светскиот економски форум во градот Далан, во североисточна Кина.

Кина во следните неколку години ќе смета на внатрешните потреби за забрзување на економскиот раст, рече Ван пред економскиот форум во Далан, попознат како „летниот Давос“.

За да ги поддржи стабилните цени, Кина ќе води стриктна валутна политика и ќе вложи нови напори за придонесот за урамнотежен раст на светската економија, посочи Ван.

Инфлацијата на годишна основа опадна на 6,2 отсто во август од 6,5 отсто во јули, кога беше највисока во последните три години. Ван подвлече дека паралелно со ова ќе продолжат структурните реформи.

Забавувањето на глобалната економија не се одрази врз стабилниот темел на кинеската економија, рече Ван.

- Сега глобалната економија бавно се обновува, а нестабилноста и несигурноста се засилуваат. Невработениста во големите економии и натаму е висока, а економиите на брзо развивачките земји се подложени на растечки инфлаторен притисок. Сето тоа покажува дека глобалната економска обнова и натаму ќе биде тешка - рече кинескиот премиер.

Bookmark and Share Објавена на: 14/09/2011 09:34

 
 

Време

Last update 22/02 19:53