Германија не исклучува „организиран банкрот“ на Грција

Германскиот министер за економија Филип Рослер во интервју за весникот „Велт“, објавено денеска, изјави дека не ја исклучува можноста од „организиран банкрот“ на Грција, со цел да се спаси еврото, соопшти романскиот сајт Хотњуз.

-За да се стабилизира еврото веќе не треба да имаме никакви краткорочни забрани за да мислиме за различни опции. Меѓу нив, во случај на итна потреба, е и организираното запаѓање на Грција во инсолвентност, се разбира, доколку располагаме со неопходните инструменти, изјави министерот.

Министерот за економија и вицеканцелар на Германија е првиот член на федералната влада кој го постави прашањето за евентуален банкрот, забележува весникот.

Според Роослер, заложбите за штедење се се уште недоволни во некои земји, меѓу кои и Грција.

-Грчката влада треба да знае дека предвидената помош зависи од ангажманот на Грција да се реформира, подвлече Рослер.

Тој предлага, исто така, создавање на автоматски систем за санкции.

-Во случај на прекршување на правилата треба да има последици, како краткорочно блокирање на правото на глас во Советот на министри на ЕУ, забележа германскиот министер.

Како последно средство, треба да биде можен и организиран банкрот на една држава, за да се дозволи „обновување на способноста за функционирање на соодветната држава, доколку е неопходно преку привремено ограничување на нејзините суверени права, рече уште Рослер.

Bookmark and Share Објавена на: 12/09/2011 09:12

 
 

Време

Last update 22/02 19:53