ЕК од Русија ќе побара објаснување за воведената санкција
Ваквата мерка на Москва, според истите извори, Еврокомисијата ја оценува како „прекумерна“.
Руските власти денеска воведоа забрана за увоз на свеж зелечук од Европската унија поради појавата на смртоносната епидемија предизвикана од бактеријата ешерихија коли 0104.
- Забраната за увоз на свеж зеленчук, која се однесува на сите држави од Европската унија, стапува на сила денеска, изјави шефот на руската Агенција за заштита на потрошувачите Генадиј Онишченко.
Според Онишченко, досега увезените зеленчукови производи од земјите-членки на ЕУ ќе бидат повлечени од пазарите на територијата на Русија.