Продавачите даваат огромен попуст на некои модели на „Рено“.

Продавачите се принудени да даваат огромен попуст на некои модели на „Рено“, откако продажбата на автомобили на француската компанија од овој месец е намалена за 35 отсто.
Дилерите нудат и до 45 отсто попуст за купување на моделот „клио“ бидејќи испораките на возила на францускиот пазар доживеаја драстичен пад овој месец.
Официјален претставник на „Рено“ предупреди дека до намалената продажба на возилата дошло и поради укинувањето на субвенциите за поттик на побарувачката за автомобили и завршувањето на програмата „старо за ново“.
„Рено“ се најде меѓу производителите на автомобили кои забележале најголемо намалување на испораките на европскиот пазар минатиот месец.
Компанијата регистрира намалување на испораките од 13 отсто на околу 106.000 возила во однос на 2010 година, тврдат податоците на Европските производители на автомобили.