Обединетите нации започнаа кампања за избор на нов генерален секретар

Обединетите нации започнаа кампања за избор на нов генерален секретар.
 Кампањата е формална бидејќи учествува само еден, актуелниот генерален секретар БАн Ки-мун.

Тој вчера официјално побара од Советот за безбедност на ОН да ја поддржи неговата кандидатура за нов петтогодишен мандат. Сегашниот мандат му истекува на 31 деклември.

Кандидатурата за генерален секретар на ОН треба да биде препорачана од СБ, а одобрена од Генералното собрание. Според резолуцијата од 1946 година гласањето во Генералното собрание се одвива зад затворени врати. Но, во пракса, Генералното собрание јавно ги  именува генералните секретари без да се гласа. Со тоа улогата на Генералното собрание во изборот на генерален секретар е чисто формална.

Како свои достигнувања Бан ги наведе учеството на ОН во решавање на проблемите со климатските промени, брзито и ефикасното дејствување за отстранување на последиците од природните катастгрофи во Мјанмар, на Хаити и во Пакистан, мировните напори во Судан, во Сомалија, во Демократската Република Конго и на Брегот на Слоновата Коска.

Тој како приоритет на ОН ги наведе ангажирање во нуклеарното разоружување и неширење и до 2050 година двојно да се намалат емисиите на штетните гасови кои предизвикуваат ефект на стаклена градина.

Француското Министерство за надворешни работи ја поддржа канидатурата на актеуелниот генерален секретар, додека американскиот Стејт департмент изрази надеж за „понатамошна конструктивна соработка со Бан Ки-мун, ако биде реизбран. Кина и Русија наведоа дека ја одобруваат кандидатурата на Бан.

Bookmark and Share Објавена на: 07/06/2011 11:20

 
 

Време

Last update 18/05 23:49