Невероватно откритие на научниците во Калифорнија

НАСА откри живот на земјата каков што досега не сме запознале

Научниците на НАСА откриле микроб, во соленото езеро Моно, во Калифорнија, кој се однесува сосем различно, од сите останати живи суштества на земјата. На вонредна пресконференција, научниците го претставија своето откритие, кое според нив, во огромна мерка ќе влијае на потрагата по докази за постоење на живот надвор од нашата планета. 

Во езерото, тие откриле организам, кој е во состојба да го замени фосфорот, инаку еден од клучните елементи за животот, со елементот арсен, кој всушност е отров. 

При нивните експерименти, овој организам не само што преживеал во средина преполна со арсен, туку и значително се развивал и растел. Тоа се коси, со сите досегашни научни сфаќања, и ја отвора можноста за постоење на поинакви облици на живот, кои би можеле да се развиваат во услови, сосем спротивни на оние, за кои досега се веруваше дека се единствено можни. Според научниците, ова претставува силен доказ во насока на претпоставката, дека постои живот надвор од планетата земја, и дека прашање на време е, кога, ние тоа ќе го откриеме.

“Ја отворивме вратата на нешто што е возможно да преживее и на некоја друга планета. Откривме поинаков живот од оној на кој досега сме навикнати. Тоа значи дека постои и друг начин за нешто да одржиме во живот“, изјави еден од експертите на НАСА, Фелиса Волф, која ја откри бактеријата.

Bookmark and Share Објавена на: 03/12/2010 09:50

 
 

Време

Last update 18/05 23:49