Сте пробале ли пиво што се мачка на леб?

Како најдобро да испечете семки

Четири намирници богати со витамин А

Знаете ли да излупите фстаци (ВИДЕО)

25/12/2013 - 14:05

Пет јадења што треба да се избегнуваат за празниците

За да ја задржите витката линија, ви предлагаме неколку јадења што треба да ги избегнувате за време на празниците

За време на празниците ретко кој може да им одолее на кифличките, калоричните салати и тортите. За да ја задржите витката линија, ви предлагаме пет јадења што треба да ги избегнувате. 

1. Буреци, пити и банички

Вообичаено, за време на новогодишните празници се сукаат кори за да се подготви пита со месо, сирење или спанаќ. Сите претеруваме со некое парче повеќе со оправдување – „празници се“. Но, бурекот содржи калоричен путер и бело брашно што дебелеат.

пита и кисело млеко (Фото: Телеграф.мк/Влатко Перковски)

Пита и кисело млеко (Фото: Телеграф.мк/Влатко Перковски)

2. Сосови

Сите сосови не се исти, но за време на празниците вредните домаќинки почнуваат да ги прелеваат јадењата со павлаки и масла… да не зборуваме за готовите сосови од продавница. Можеби ќе се премислите да ставите сос врз месото ако го слушнете податокот дека половина чашка сос има 300-400 калории. Ако сакате да го натопите лепчето во нешто убаво, изберете хумус – намаз што се смета дека е добар за здравјето.

Фото:whatsheshaving.com

(Фото: Whatsheshaving.com)

3. Крем-супи

Признаваме – ништо не може да стопли толку добро во студените зимски денови како чинија убава крем-супа. Сепак, често таа се подготвува со многу крем или полномасно млеко и полна е со маснотии и калории. Ако сте љубители на густите супи, не откажувајте се од нив – едноставно намалете ја содржината на компири и масти на сметка на грашок или тиква.

4. Пире од компири

Не можете да замислите вечера без порција помфрит или пире?  Еве едно многу поздраво јадење со околу 400 калории помалку. Ако не можете да се откажете од пирето, барем намалете ја порцијата или користете маслиново масло и обезмастено млеко при подготовката. Исто така, можете да ги замените дел од компирот со зеленчук како грашокот, на пример. Вкусот нема да се промени, а калориите и мастите значително ќе се намалат.

фото:Foter/sleepy cha

(Фото: Foter/sleepy cha)

5. Какао со крем

Големите синџири за кафе се натпреваруваат кој да понуди повеќе божиќни пијалаци. Меѓу нив се вбројуваат кафиња и какао, карамел, шеќер стапчиња и чоколадни снегулки. Една голема порција содржи околу 400 калории плус 15 грама маснотии и 54 грама шеќер. Ако можете да се воздржат од слаткото искушение – пијте какао дома. Без додатоци.

(Телеграф.мк/Аctualno.bg)

Оставете коментар

Коментарот можете да го испратите и користејќи:

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*