Спречено киднапирање авион во Москва

Сакал да сподели “вредна информација за полициско – правосудните органи”

На московскиот аеродром „Domodedovo“спречено е киднапирање на еден патнички авион, соопшти прес секретарот на овој аеродром, Јелена Галанова.


Според податоците на прес службата на поредок во сообраќајот при Министерството за внатрешни работи на Русија, во текот на операцијата сите патници се ослободени и нема повредени, пренесува Итар Тас.


Напаѓачот е неутрелизиран, приведен, и сега е на испитување.  Утврдено е дека се работи за маж од градот Минерална Вода, роден 1970 година, изјавија од МВР.


На командирот на посадата во текот на летот му се обратил еден од патниците кој му соопштил дека има вредна информација за полициско – правосудните органи.  По приземјувањето авионот со патниците бил паркиран на резервната позиција, при што овој патник барал да се сретне со претставниците на безбедноста и со медиумите.


После извесно време, на еден од патниците му се слошило, а напаѓачот допуштил лекарите да влезат во авионот, наведува руската агенција, наедувајќи дека под маска на лекари, во авионот влегле оперативци, кои го неутрелизирале престапникот.

Bookmark and Share Објавена на: 30/07/2010 09:21