Светскиот рекордер во атлетската дисциплина 100 метри, Јамајканецот Усеин Болт, победи на митингот во Загреб со време од 9,85 секунди. Со оваа победа Болт колку-толку се рехабилитира за дисквалификацијата во истата дисциплина на Светското првенство во Даегу, Кореја.
Во Загреб, на митингот "Ханжековиќ", Болт мораше да запне за да стигне прв пред Ким Колинс, кој на СП во Dаегу беше третопласиран.
По победата Болт беше опкружен со фанови кои бараа автограми и беше отпратен од страна на обезбедувањето. Болт доби аплауз од 12.000 фанови на спортскиот комплекс Младост. Трет во оваа трка беше Ричард Томпсон од Тринидад и Тобаго.