Веќе продадени половина од влезниците за дуелот со Р.Ирска

Натпреварот ќе се одигра во сабота на Националната Арена Филип Втори.


Се ближи денот за одигрување на квалификацискиот меч против Република Ирска. Натпреварот ќе се одигра во сабота на Националната Арена Филип Втори, а токму на овој дуел свечено ќе биде отворен целосно реконструираниот фудбалски храм.

Голем е интересот на љубителите на фудбалот за квалификацискиот дуел помеѓу Македонија и Република Ирска, кој ќе се одигра во сабота на Националната Арена Филип Втори. Дуелот започнува во 21:30 часот, а се е подготвено за овој спектакл. Токму овој натпревар на нашата најдобра фудбалска селекција ќе претставува свечено отворање на целосно реконструираниот фудбалски храм.

Дека интересот е голем покажува и фактот што за само неколку дена половина од влезниците се продадени. Дури 11.000 билети веќе завршија во рацете на фудбалските фанови, од кои 4.000 се резервирани за навивачите на Р.Ирска.

Цената на влезниците се движи:

Северна трибина: 300, 250 и 200 денари

Јужна трибина: 300, 250 и 200 денари

Западна трибина: 100 денари

Висината на цената зависи од секторите на трибините, а се продаваат во продажбите места на  КУПИ КАРТИ ЗА СЕ и на билетарата на Арената Филип Втори.

Bookmark and Share Објавена на: 02/06/2011 11:46

 
 

Време

Last update 18/05 23:49