Marca, Реал Мадрид е блиску до ангажман на Фабио Коентрао од Бенфика.
Според пишувањето на Marca, Реал Мадрид е блиску до ангажман на Фабио Коентрао од Бенфика во трансфер вреден околу 22 милиони евра.
Португалскиот интернационалец минатата недела јавно истакна дека сака да го облече дресот на Реал Мадрид.
Бенфика е подготвена да му дозволи на Коентрао да замине но само доколку некој ја плати откупната клаузула вредна 30 милиони евра.
Според денешното издание на Marca, Реал Мадрид сега е многу блиску до ангажман на левиот бек.
Весникот пишува дека во последните неколку дена, Реал и Бенфика биле инволвирани во серија интензивни преговори.
Кралскиот клуб морал да направи голем напор за да се обиде да стигне до потписот на Коентрао по инситирање на Мурињо.
Marca вели дека Реал нема да ја плати откупната клаузула вредна 30 милиони евра и целата зделка ќе биде комплетирана за 22 милиони евра а Бенфика ќе добие и неколку милиони во бонуси во зависност од успехот на ’Лос Бланкос’.
Коентрао сеуште ги нема договорено личните услови со Реал Мадрид, но според Marca 23 годишниот Португалец ќе биде четвртото засилување на Кралевите по Сахин, Алтинтоп и Каљехон.
Во меѓувреме, Diario de Noticias објави дека Бенфика се подготвува за ангажман на левиот бек на Осасуна, Начо Монреал.
Ваквиот потег на Бенфика, весникот го толкува како индикација дека Фабио Коентрао е пред заминување.