Во Мадрид вечерва ќе бидат превземени специјални мерки за безбедност пред почетокот на натпреварот.

Во Мадрид под страв да не се повторат сцените од Џенова, навивачите на Милан ќе имаат посебен третман.
Во Мадрид се подготвуваат специјални мерки за безбедност пред вечерашниот дуел до Милан на "Сантиаго Бернабеу".
Сето ова е како резултат на нередите во Италија и УЕФА превзема чекори за тоа да не се повтори. Ќе има многу камери, нови технологии, бидејќи УЕФА посакува да се избегне внесување на опасни предмети на стадионот.
Акцентот ќе биде ставен на гостинските навивачи, бидејќи тифозите на Милан, не се безопасни. Мадриѓаните се свесни дека е невозможна тотална безбесност, но се подготвени да ги превземат сите превентивни мерки.
Се очекува околу 2500 "росоњери" на "Сантиаго Бернабеу", од кој 200 се идентификувани како проблематични, односно со криминално досије.