Руни заминува од Манчестер?!

Руни од раководството на Манчестер Јунајтед побарал да го напушти клубот.


Англискиот таблоид „Мирор“ во своето неделно издание тврди дека односите меѓу Вејн Руни и Алекс Фергусон се толку нарушени што англиската ѕвезда во јануари ќе мора да го напушти клубот. Весникот пишува дека Руни и Фергусон воопшто не зборуваат, односно дека контактите им се сведени на минимум по враќањето на фудбалерот од репрезентативната акција. Да потсетиме, Руни по мечот Англија - Црна Гора 0:0 кажа дека сезонава воопшто не бил повреден, како што зборуваше Фергусон. Руни неколкупати се скарал со менаџерот што за Фергусон е незамисливо бидејќи смета дека фудбалерот му го руши авторитетот.


На тој начин директно го обвини Шкотот дека лаже за неговиот глужд. Тој наводно повреден глужд беше и причината за Фергусон зошто Руни не отпатува во Шпанија на мечот од Лигата на шампионите против Валенсија. Вистинската, пак, причина веројатно бил бесот на Фергусон поради аферата на Руни со проститутката која откри дека имала однос со него додека неговата сопруга била бремена. 


Договорот на Руни со Јунајтед истекува наредното лето и засега не е продолжен.„Меѓу Фергусон и Руни секогаш постоело почитување, но тоа исчезна во последните два месеца и јасно е дека анимозитетот меѓу нив никогаш нема да заврши“, изјави за Мирор извор од соблекувалната на „бебињата“.


Bookmark and Share Објавена на: 18/10/2010 10:59

 
 

Време

Last update 18/05 23:49