Повредата на Пандев не е сериозна

Од фудбалските терени Пандев ќе отсуствува само две недели

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација и играч на Интер, Горан Пандев поради повреда на коленото нема да може да биде на фудбалските терени во следните петнаесетина дена.


Ваква е прогнозата на медицинскиот тим од Милано кој вчера изврши детален преглед врз повреденото колено на македонскиот интернационалец.


Италијанските медиуми пренесуваат дека иако првично повредата на Пандев изгледала за посериозна по направените медицински тестови лекарите му одредиле мирување десетина дена, а потоа во зависност од состојбата постепено враќање во тренажниот процес.


Горан Пандев повредата ја заработи во 60.минута од завчерашната средба во Лигата на шампионите кога Интер гостуваше кај Твенте.


Ваквите прогнози се посебно охрабрувачки и за селекторот на македонската репрезентација Мирсад Јонуз, кој доколку биде се во ред ќе го има капитенот во составот за октомвриските квалификациски дуели на Македонија против Андора на гости и против Русија во Скопје.


Bookmark and Share Објавена на: 16/09/2010 12:31

 
 

Време

Last update 18/05 23:49