Надал го освои УС Опен

Рафаел Надал ја комплетираше својата Гренд Слем колекција освојувајќи го УС Опен финалето против Новак Џоковиќ.




Синоќа, Надал извојува победа во 4 сета: 6:4, 5:7, 6:4, 6:2.

За шпанецот ова е трет Гренд Слем оваа година и вкупно деветти во кариерата, освоен со само еден загубен сет, токму во финалето против Џоковиќ.

„Мислам дека за прв пат во кариерата на овој турнир одиграв навистина добар меч. Тоа е она што го чувствувам. Го одиграв најдобриот меч на УС Опен кога беше најпотребно“, изјави после освојувањето на титулата Надал.

„Надал има се што е потребно за да стане најдобар тенисер на сите времиња. Ова беше неговиот најдобар тенис на тврда подлога. Сервисот му е драстично подобрен, а тука се и брзината и прецизноста. Секако, играта од основната линија му е добра како и секогаш. Не ми даде шанса да се вратам во мечот“, го пофали победникот Џоковиќ.

Со освојувањето на „големата четворка“ (сите четири Гренд Слем турнири) Надал стана само седмиот играч во историјата кому тоа му пошло од рака. Последен кој пак во иста година освоил три Гренд Слемови беше Род Лејвер во 1969. година.


Bookmark and Share Објавена на: 14/09/2010 08:41

 
 

Време

Last update 18/05 23:49