Видеото кое го направила надзорната камера на бензинска пумпа во Бугарија, прикажува темна фигура која како човек се движи низ просторијата и потоа исчезнува.
Веднаш после поставувањето на снимката на YouTube почнаа нагаѓањата за тоа дали станува збор за дух. Фигурата во еден момент се појавува на снимката, шета по продавницата на бензинската пумпа, а потоа изгледа како да се качува по скалите. Наводниот дух исчезнува од кадарот така што излегува од просторијата, но без отварање на вратата.
На прв поглед изгледа дека се работи за инсект или честичка прашина која се нашла на леќата, оставајќи впечаток дека некој се качува на скалите. Постои шанса да се работи за монтажа, така наречена дупла експозиција. Се разбира најинтересната можност за која заговараат фановите на паранормалното на интернет е дека низ просторот сепак прошетал дух.