Во вторник на 27 јули, во рамките на манифестацијата Скопско лето, ќе се одржи концерт на хрватскиот дувачки секстет Ad Gloriam Brass.

Концертот ќе се одржи на Факултетот за ликовна уметност - Сули ан во 20:30 часот, а ќе настапат Стјепан Филипиќ – труба, Игор Хрустек – труба, Томислав Павер – труба, Срѓан Паиќ – рог, Марио Шинцек – тромбон, Данијел Рајковиќ – труба, а како гостин на концертот ќе настапи Роберт Јамбрушиќ – удиралки.