Грчка екстремистичка група наречена Секта на револуционери, ја превзеде одговорноста за убиството на новинарот на 19 јули, пред неговиот дом, се дознава од полициски извори.
Групата на дневниот лист Та Неа му испратила писмо во кое ја превзема одговорноста за убиството на 37 годишниот истражувачки новинар и директор на приватното радио Thema FM, Сократис Гуиолиас. Убиен е со 16 метци испалени од оружје со калибар 9 милиметри.
Сектата на револуционерите се појави во февруари 2009, после нередите во градовите кои се случија во декември 2008.
Уште пред тоа ја превзедоа одговорноста за нападот на полициската станица, во која еден полицаец загина. Одговорност превзедоа и за нападот на приватниот канал Алтер и после тоа се заканија со смрт на сите новинари.