Махмуд Ахмадинеџад покрена нова демографска политика во Иран со која ќе се исплаќа парична помош на семејствата за секое новородено бебе, т.е. месечно вложување на сметката на детето се додека не наполни 18 години.

Планот е дел од напорот да се зголеми бројот на жителите на Иран, кои денес ги има околу 75 милиони. Ахмадинеџад смета дека Иран би можел да поднесе 150 милиони.
Според новиот план секое дете ќе добие на сметката во банка 950 долари, а потоа 95 долари секоја година додека не наполни 18. децата ќе можат да ги подигнат парите кога ќе наполнат 20 години и да ги потрошат на образование, венчавка, здравје и стан.