Преварантот од Велика Британија кој се обиде да го продаде познатиот хотел Рц, во Лондон, осуден е на пет години затвор.
Ентони Ли (49), незапослен возач на камиот, од почетокот на 2006 до март 2007 година, успеал да убеди неколку луѓе да го купат луксузниот хотел. Тврдел дека е близок пријател и соработник на сопствениците на Риц, браќата милијардери Фредерик и Дејвид Баркли, а цената која ја одредил за хотелот изнесувала 250 милиони фунти, иако неговата вредност се проценува меѓу 536 и 715 милиони евра.
Во обидеот за измама Ли како соучесници имал еден предприемач и еден адвокат. Тие тројцата дури успеале од еден потенцијален купувач да добијат аванс од милион фунти.
Ентони Ли е осуден на пет години затвор, а неговите соучесници се ослободени, пренесуваат британските медиуми.