Германските власти го обвинија организаторот на Парадата на љубовта во Дуизбург
Германските власти го обвинија организаторот на Парадата на љубовта во Дуизбург за големите пропусти во обезбедувањето кои минатиот викенд доведоа до гинење на 21 лице, додека повеќе од 500 се повредени, во текот на техно фестивалот.
Лицата од обезбедувањето не успеаја да го контролираат подрачјето на влезот каде настрадаат луѓето, соопшти министерот за внатрешни работи на покраината Северна Рајна Вестфалија, Релф Јегер, и шефот на полициската контрола, Дитер Вехе.
Министерот Јегер изјави дека организаторот на фестивалот, Рајнер Шалер, не успеал да го запре приливот на луѓе во тунелот, во моментот кога ситуацијата на влезот на местото на одржување на фестивалот, веќе била напната, како и дека не се исполнил безбедносниот план кој им бил претставен на властите.
Шалер се бранел од обвинението со аргументот дека добил одобрение од јавните власти, но обвинителството отвори истрага за убиство без умилсла, а сеуште не се соопштени имињатата на осомничените.