Москва се гуши во смог (видео)

Жителите на Москва се соочуваат со големо загадување на воздухот кое е предизвикано од бројните пожари и секојдневните горења на тресетиштата во Подмосковјето. Пожарите избиваат поради исклучително високите температури, а денес во Москва се измерени рекордни 40 степени.


Главниот град на Русија практично е опколен со чад од горењето на тресетот, во некои области во воздухот се осеќа силен мирис на запалено, а видливоста на патиштата е значително намалена.


"Поради пожарите кои беснеат со денови, концентрацијата на јаглероден диоксид во руската престолнина е толкава што оштетува 20 отсто од црвените крвни зрнца во човековиот организам, ште е еднакво на ефектот на пушење две кутии цигари во текот на три до четири часа" – изјавува еден од водечките руски експерти за болести на плуѓа, Александар Чучалин.

Без разлика на чадот, московските аеродроми работат вообичаено.  Во исклучително загадените региони се препорачува краток престој на отворено, особено за старите луѓе или оние со проблеми со дишење.

Пожарникарите изјавуваат дека во подмосковијата се забележани 43 помали пожари, за чие гаснење се искоритени 516 тони вода.

Bookmark and Share Објавена на: 29/07/2010 13:12