Започнува меѓународниот саем Финекспо 2011

Меѓународен саем за финансии, деловни можности и економски развој - ФИНЕКСПО 2011 се одржува денеска и утре на Скопски саем.

Саемската манифестација свечено ќе ја отвори м-р Зоран Ставрески, заменик на Претседателот на Владата на Република Македонија и министер за финансии.

Веднаш потоа ќе следи Тркалезна маса на тема „Актуелните состојби во финансискиот сектор и нивното влијание врз развојот на реалната економија" која ќе биде од отворен карактер и обуката на Управата за јавни приходи „Е-даноци - електронско пријавување на даноци".

Утре ќе се одржи трибина на тема „Предизвиците на друштвата за осигурување во однос на нивното место и улога во финансискиот систем во Република Македонија".

Bookmark and Share Објавена на: 07/12/2011 07:56

 
 

Време

Last update 22/02 19:53