За една недела ќе се соопшти одлуката за хеликоптерската несреќа

За една недела обвинителството ќе ја соопшти одлуката за хеликоптерската несреќа кај Блаце во која загинаа 11 мировници и ќе се знае дали ќе биде покренато обвинение за овој случај или не.

Обвинителот Љупчо Шврговски потврди дека одлука има, но ќе биде соопштена по една недела. Експертизата за овој случај е преведена од англиски и на македонски.

Обвинителството побара странската експертиза за случајот со хеликоптерот, откако утврдија контрадикторности во армискиот и владиниот извештај.

Несреќа се случи на 12 јануари 2008 година на брдото кај катлановско Блаце, каде што загинаа 11 мировници на АРМ при враќањето од мисијата во Босна.

Bookmark and Share Објавена на: 08/12/2011 08:49

 
 

Време

Last update 22/02 19:53