Велешкиот Фрицл осуден на 15 години затвор

Петнаесет години казна затвор доби четириесет и две годишниот велешанец кој во август минатата година беше обвинет за сексуално злоставување на своите три малолетни ќерки, јави велешкиот портал Лисица.

Тој се товари за три кривични дела, полов напад на малолетни лица што не навршиле 14 години и за нанесување на телесни повреди при вршење насилство. Во казната ќе му биде пресметан и притворот кој силувачот сè уште го издржува веќе година и пол.

Несовесниот родител беше уапсен во август мината година, откако го пријавил близок роднина. Тој пред полицијата ја раскажал грозоморната случка за сексуалните малтретирања врз девојчињата на возраст од три, пет и седум години, кои почнале една година претходно.

Во истражната постапка, таткото ги негираше обвинувањата, тврдејќи дека го мести сопругата, а како се одвиваше судскиот спор е непознато. Тој беше затворен за јавноста поради специфичноста на случајот и заштитата на децата.

Судот ја донел оваа пресуда врз основа на сведочењата на децата пред стручните служби и нивната мајка. Во предвид е земен гинеколошкиот и психолошкиот преглед врз децата.

Ова не е прв случај во велешко родител сексуално да го злоставува сопственото дете. Само една година пред овој случај, казна затвор во времетраење од 12 години доби таткото од Богомила кој вршел полов напад врз својата ќерка и нејзината другарка, деца со посебни потреби.

Bookmark and Share Објавена на: 08/12/2011 08:41

 
 

Време

Last update 22/02 19:53