Тримесечно дете загина во тешка сообраќајна несреќа

Тримесечно дете загина во тешка сообраќајна несреќа на автопатот Скопје – Тетово во близина на клучката за село Групчин, соопштуваат од СВР Тетово.

Несреќата се случила денеска околу пладне, кога автомобил „Нисан“ со гостиварски регистерски таблици, од засега непознати причини, излетал од патот.

Триесет и двегодишниот возач на автомобилот се здобил со лесни телесни повреда, неговата жена со тешки телесни повреди, а нивниот тримесечен син починал.

Бебето било пренесено со друго возило во тетовските клиники, но и покрај обидите на лекарите да го реанимираат им подлегнало на повредите.

Извршен е увид на лице место и се утврдуваат причините поради кои што автомобилот излетал од патот.

На овој автопат, годинава загинале три лица во сообраќајка, а до денеска се случиле вкупно 160 сообраќајки на овој автопат.

Bookmark and Share Објавена на: 07/12/2011 07:51

 
 

Време

Last update 18/05 23:49