Почина Гоце Арнаудов

Почина популарниот македонски пејач на фолклорна музика Гоце Арнаудов.

Арнаудов е роден во Струмица на 19 август 1959 година. Уште на десет годишна возраст почнува да свири на гитара и да пее во групата на неговиот татко. По завршувањето на средното образование формира групата „Крик", со која се претставувале низ цела поранешна Југославија. Гоце се враќа во Македонија во 1993 година и за кратко време ги освојува симпатиите и признанијата на својата публика и на музичката критика и каде и да учествува предизвикува еуфорија, а на сите фестивали ги освојува првите места.

Во 1994 година на Фолк фест - Валандово со песната „Дали чекаш стара мајко" ги освојува сите можни награди и веќе дваесет години е меѓу омилените песни во македонскиот фолклор. Гоце Арнаудов има запишани преку 200 песни, учествувал на сторина фестивали, од кои на преку 60 има добиено прво место. Во рамките на пет години е прогласуван за најпопуларната личност на Македонија. Учествата на фестивалот Фолк-фест Валандово му донесле 22 награди, а неговите песни многу пати ги имаат добиено наградите на публиката и на телевизискиот аудиториум.
Неколку пати станува сопственик на наградата за интерпретација на најголемиот пејач „Никола Бадев" на фестивалот „Гоце Фест". Редовно и гостува на публиката во Европа, Америка и Австралија. Учествува редовно и на добротворни концерти.

Во 2000-та година во својот роден град Струмица , Арнаудов прави концерт на стадионот на кој присуствуваат над 10.000 гледачи, а доделена му е награда за пејач на деценијата и за почесен граѓанин.

Bookmark and Share Објавена на: 07/12/2011 07:49

 
 

Време

Last update 22/02 19:53