Автокоманда, Ново Лисиче, Јане Сандански, Аеродром, Пролет, Центар, Водно , Буњаковец и Дебар маало попладнево останаа без греење.
Корисниците на услугите на А.Д. Топлификација во скопските населби Автокоманда, Ново Лисиче, Јане Сандански, Аеродром, Пролет, Центар, Водно , Буњаковец и Дебар маало попладнево останаа без греење.
Причина за ова е внатрешен дефект во Топланата Исток, која од 16,30 часот е вон погон, соопшти Центарот за управување со кризи.
Надлежни екипи работат интензивно на отстранување на дефектот, стои во соопштението.