ГРАФИКОН НА ДЕНОТ: „Сител“ тврди дека има „рекордна гледаност во македонската телевизиска историја“

Сител со рекордна гледаност во Македонија.
„Со месечен удел во гледаноста од 30,09 отсто во месец септември, Сител телевизија постигна рекордна гледаност во македонската телевизиска историја помеѓу македонските телевизии. Исто така, историски резултат беше постигнат и на 14.10.2011 година кога Сител постигна дневен просечен удел во гледаноста од 41.6%,“ се вели во официјалниот билтен на телевизијата објавен на порталот tvpaket.com.mk, кој ја следи ТВ индустријата во земјава, како и програмите на телевизиските станици.

Како што може да се види од овој графикон, се додека постоеше А1 телевизија, гледаноста на „Сител“ од март лани, па до јули годинава изнесувала меѓу 16 и 18 отсто. Но, по затворањето на А1, преземањето на нејзиниот убедливо најгледан термин за вести од 19 часот и нејзините ТВ серии, таа почнува да расте. Барем така покажуваат овие податоци.

„Сител“ вели дека е најгледан во „комерцијално најважниот период на денот“ од 18.00 до 22.30 часот, односно во оној период кој најмногу го посакуваат огласувачите. Од овие бројки се гледа дека „Телма“ и „Алфа“ заедно имаат помала гледаност од „Канал 5,“ а сите три заедно имаат помала гледаност од „Сител“ (графикон 2). Истото ова важи и за рекламните блокови за кои „Сител“ тврди дека во првата седмица од ноември во просек ги гледале над 275 илјади луѓе.

Извор на податоците е „AGB Nielsen Media Research“ и тоа не би било ништо чудно, освен што во една контактно дебатна емисија на ТВ „Алфа“ летово, во која гостуваа Александар Чомовски, тогаш од А1 и уредникот на вестите на ТВ „Сител“, Драган Павловиќ – Латас, вториот отворено изјави дека бројките што ги снабдува оваа компанија, а кои во тој период покажуваа најголема гледаност за А1 ТВ, не се точни.
Bookmark and Share Објавена на: 08/12/2011 11:37

 
 

Време

Last update 22/02 19:53