Формирано првото Здружение за односи со јавноста во Македонија

Повеќе од 70 стручни лица за комуникации и односи со јавност го формираа првото Здружение за односи со јавноста во Македонија (ЗОЈМ).

Здружението има за цел да придонесе кон подигнување на свеста за значењето и улогата на професионалните односи со јавност, кон зголемување на транспарентноста на институциите и компаниите и кон подобрување на комуникацијата и соработката со новинарите и медиумите.

За прв претседател на ЗОЈМ е избран Константин Икономов од Априори Комуникации, а за потпретседател е избрана Славица Биљарска Мирчески.

Bookmark and Share Објавена на: 08/12/2011 08:43

 
 

Време

Last update 22/02 19:53