Утрово снег заврна во неколку скопски населби, а снежна покривка се формира и на планините и повисоките места.
На две недели пред календарското започнување на зимата, веќе се чувствуваат пониски температури.
Времето во Македонија ќе биде облачно и студено, со магла по котлините и речните текови.Температурата ќе се движи од нула до девет степени.
Во Скопје и околината облачно и магливо со највисока дневна температура до три степени.