Поповски ќе му го пренесе нашиот протест на Филе

Попоски до Филе: Бришењето на придавката „македонски“ да не се повтори!
Реакциите за неупотребата на терминот македонски во документите на Европската комисија и воопшто во институциите на Унијата, денеска, на еврокомесарот Штефан Филе лично ќе му ги пренесе шефот на македонската дипломатија Никола Попоски. Попоски е во Стразбур во посета на европарламентот и со Филе ќе разговара за извештајот за напредокот на земјава, за неупотребата на придавката македонски и за непријатното искуство од минатонеделниот состанок на Комитетот за стабилизација и асоцијација. Попоски ќе упати и конкретно барање до Филе во иднина да се користи терминот македонски во документите и во комуникацијата на состаноците на европските институции.
Некористењето на терминот македонски во извештаите на ЕК се повторува последниве неколку години, а во овогодишниот извештај за напредокот на земјата - придавката воопшто и не се спомнува. Во извештаите на Европската комисија македонскиот јазик стана „државен јазик“ или „јазик на државата“, а на состанокот на Комитетот за стабилизација „јазик на малцинството“. Минатата година, по бурната реакција, тогашниот амбасадор на ЕУ во Македонија Ерван Фуере се извини за ваквиот чекор на европските институции.
Годинава, пак, претставниците на ЕУ барем досега се без одговор за реакциите, кои во меѓувреме беа упатени на адреса на комесарот Филе.
Реакциите за некористење на терминот македонски во земјава особено се засилија последниве денови, дури десетина дена по објавувањето на извештајот. По првата реакција на претседателот Ѓорге Иванов, упатена до претседателот на Европската комисија, Баросо, следниот ден по објавувањето на извештајот за земјата без име и јазикот на кој во неа се зборува. На крајот од минатата недела се јавија студентските парламенти, а потоа и ректорите на државните универзитети, писателите, а потоа викендов и спортските федерации и др.
Bookmark and Share Објавена на: 26/10/2011 09:17

 
 

Време

Last update 18/05 22:49