Седници на комисиите во областа на економијата, социјалната политика и одбраната.

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за финансирање и буџет, за економски прашања, за труд и социјална политика, за еднакви можности на жените и мажите и за одбрана и безбедност.
На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет се предлог на законите за изменување и дополнување на законите за данок на добивка, за персоналниот данок на доход и за данокот на додадена вредност, сите во второ читање. До комисијата исто така во второ читање се доставени предлог на законите за дополнување на Законот за акцизите и на Законот за ревизија. Пратениците ќе ги разгледуват и измените и дополнувањата на Законот за хартии од вредност и на Законот за вршење на услуги без трансфер на пари, во второ читање. Предлог за дополнување во второ читање е доставен и за Законот за девизното работење.
На дневен ред на Комисијата за економски пршања се повеќе закони за изменување и дополнување во второ читање и тоа на Законот за минерални суровини, на Законот за енергетика, на Законот за заштита на конкуренцијата, на Законот за безбедност на производите, на Законот за контрола на извоз на стоки и технологии со двојна употреба, на Законот за метрологија, на Законот за контрола на предмети од скапоцени метали и други.
Пратениците членови на Комисијата за труд и социјална политика ќе разгледуваат измени и дополнувања на Законот за вработувања и работа на странци на Законот за агенциите за привремени вработувања на Законот за безбедност и здравје при работа и на Законот за вработување на инвалидни лица, сите во второ читање.
Собраниската комисија за еднакви можности на жените и мажите треба одлучува по предлог одлуката за прераспределба на средства меѓу буџетските корисници на централната власт и меѓу фондовите на Буџетот на Република Македонија за 2011 година.
Комисијата за одбрана и безбедност ќе ги разгледува предлог на законите за изменување на Законот за одбрана и на Законот за служба во Армијата на Република Македонија, двата во прво читање. На дневен ред се и измените и дополнувањата на Законот за заштита од експлозивни материи во второ читање и статутот на Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ Скопје, во втора фаза.