Робин Вилијамс се ожени по трет пат

Неговата нова избраничка е дизајнерката Сузан Шнајдер.

Популарниот 60-годишен комичар Робин Вилијамс се ожени по трет пат. Неговата нова избраничка е дизајнерката Сузан Шнајдер. Двојката го кажа судбоносното „да“ на приватна церемонија во Kалифорнија. Меѓу гостите биле повеќе славни личности, како Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Били Kристал и други.

Робин и Сузан се во врска две години, а се запознаа кратко по неговата операција на срце во 2009 година. Таа му помогнала да закрепне. Актерот претходно беше во брак со Валари Велард, со која има син. Со втората сопруга Марша, од која се разведе во 2008 година по 19 години брак, има син и ќерка.

Bookmark and Share Објавена на: 26/10/2011 10:54

 
 

Време

Last update 18/05 22:49