Ирскиот бенд е избран за најдората група во последните 25 години во анкета на магазинот Q

Овогодинешното доделување на награди на најпродаваното британско музичко списание е одржано овој Понеделник, во Лондон.
Помеѓу добитниците се наоѓа и Адел која освои две награди, за најдобар женски изведувач и најдобра песна.
Групата Колдплеј е прогласена за најдобар современ бенд, меѓутоа нејзиниот фронтмен Крис Мартин не се согласи со тоа признание, изјавувајќи дека најдобриот бенд и денес во светот е У2, и покрај нив, неговиот бенд Колдплеј се на седмо место.
Британскиот пејач Ноел Галагер изјави дека признанието од Магазинот Q не го израдувала ни приближно колку победата на Манчестер Сити над Манчестер Јунајтед.
Подолу се наведени сите позначајни награди:
Најдобар бенд во последните 25 години - U2
Најдобра песна - Rolling In The Deep, Adele
Најдобар женски изведувач - Adele
Најдобар видео спот - Do It Like A Dude, Jessie J
Најдобар нов изведувач - Wu Lyf
Инспирација - Fatboy Slim
Најголема нова ѕвезда - Lana Del Rey
Иновација на звук - Kaizer Chiefs
Најдобар албум - Bon Iver, Bon Iver
Најдобар концертен изведувач - Biffy Clyro
Q Икона - Noel Gallagher
Најдобар машки изведувач - Tinie Tempah
Најдобар бенд на денешницата - Coldplay
Hall of Fame - Queen