Гинисови рекорди меѓу пејачите за 2012

Погледнете чие име ќе биде запишано во историјата:

Адел

Покрај рекордот на Billboard, оваа британска пејачка успеа да собори и Гинисов рекорд. Покорувајќи ги сите светски музички топ листи со нејзините срцекршачки балади, Адел со последниот албум „21“ успеа да се задржи дури 11 недели на број еден на американската топ листа.

Ријана

Убавата, де црвена, де плава, де камелеон пејачка од Барбадос го собори Гинисовиот рекорд според бројот на синглови кои се нашле на првото место на американските топ листи за една година. Благодарение на хитовите „Rude Boy“, „Love the Way You Lie“, „What's My Name“ и „Only Girl“, Ријана ќе се најде во Гинис 2012.

Лил Вејн

Рекордот кој го собори овој рапер е според бројот на песните кои влегле во топ сто на американските топ листи. Во периодот помеѓу 1999 и 2010 година, Лил Вејн имал дури 64 хита во 100-те најдобри.


Вилоу Смит

Ќерката на мегапопуларниот актер, чат-пат и пејач, Вил Смит е најмладата пејачка што успеала да се искачи меѓу 20-те најслушани песни. Вилоу Смит со песната „Whip my Hair“ со само 10 години успеа да влезе во топ 20 листата и во Гинисовата книга на рекорди.

Џастин Бибер

После толку „бурек“ јадење за него, очекувано беше дека и тој ќе „однесе“ некој рекорд со себе. Неговиот спот за песната „Baby“ е прогласен за најпопуларно видео на интернетот со повеќе од 400 милиони прегледи, а моментално има нешто повеќе од 621.771.000 прегледи. А баш бевме сигурни дека ќе биде за најголем број дадени „палци надолу“ :)

Тејлор Свифт

Оваа кантри шејачка влезе во Гинисовата книга со најбрзо продаван дигитален женски албум. Албумот беше продаден во повеќе од 200 илјади копии ширум светот.

Лејди Гага

Нормално дека не може да се замисли книгата на рекорди без Гага. Што и да е екстремно, мора да има малку Гага „шмек“. Моменталната поп кралица, иако не може да се пофали со музичко достигнување за во Гинис, но сепак може да се „перчи“ со 13,469,030 следбеници на Twitter.
Bookmark and Share Објавена на: 14/09/2011 15:59

 
 

Време

Last update 18/05 22:49