Топ модели со најголема заработувачка

Форбс ја објави листата.

Далеку од тоа дека оваа професија е совршена, но изгледа наједноставна во однос на повеќето. Згора на се, носи и голема заработувачка. Кои се најплатените топ модели за изминатата година? Форбс ја објави листата.

На врвот на „убавата“ листа се најде Бразилката Жизел Бундхен, чија заработка за разлика од минатата година се зголеми речиси двојно повеќе. 45. милиони долари, како што вели експертот за маркетинг Едвард Разек, ја направија Жизел „класа за себе“. „Таа е меѓународна икона која може да популаризира производи од шампони до фустани“, кажа тој.

Како што пренесува Forbes, оваа професија е одлична за познатите манекенки, но не и за младите кои влегуваат во светот на модниот бизнис, бидејќи хонорарите, за разлика од претходните години се значително намалени.

Таа мака ја немаат веќе признатите убавици, кои освен од модните писти, многу повеќе заработуваат од сопствените бизниси, рекламирањето производи и слично. Хајди Клум, го зголеми своето богатство за 20 милиони долари, и тоа најмногу од сопствената модна линија но и од телевизиската емисија за деца.

Првата тројка ја заокружува модната икона Кејт Мос, која благодарение на потпишувањето на договорот со „Топ Шоп“ заработи 13.5 милиони долари.

Топ 5 листата на модели кои заработија најмногу мината година, изгледа вака:

1. Жизел Бундхен - 45 милиони долари

2. Хајди Клум - 20 милиони долари

3. Кејт Мос - 13.5 милиони долари

4. Адриана Лима - 8 милиони долари

5. Алесандра Амбросио - 5 милиони долари.

Bookmark and Share Објавена на: 03/06/2011 12:13

 
 

Време

Last update 18/05 22:49