Осуден насилниот спот на Ријана

Ријана критикувана за спотот за песната „Man Down“.

Американската јавност остро го критикува најновиот спот на Ријана за песната „Man Down“ во кој таа убива маж поради сексуално малтретирање, со образложение дека тоа поттикнува млади жени на насилство. 

Спотот кој имаше премиера на американската телевизија, прикажува ладнокрвно убиство на невооружен маж. Песната има и карактеристичен текст „Мамо, сега убив маж...никогаш не сум била толку горда“.

Пејачката оставила порака на „Твитер“ дека со новиот спот сака да им даде сила на жените. Ријана има повеќе спотови во кои се потенцира насилство, меѓу нив и за хитот „Love the Way You Lie“ од 2010 година кој го сними со Еминем.

Bookmark and Share Објавена на: 02/06/2011 12:21

 
 

Време

Last update 18/05 22:49