Џуро вели дека Џоли е навистина голем професионалец и е упорна и прецизна во работата
По двомесечното снимање во Будимпешта, Анџелина Џоли го заврши својот режисерски првенец за воено-љубовната мелодрама “Безимена љубовна приказна”. Блиц ја пренесува првата фотографија од филмот на која се гледаат глваните глумци Зана Марјановиќ и Горан Костиќ.
На првата објавена фотографија се гледа младиот заљубен пар чија судбина во целот ќе биде изменета во текот на војната.
На оваа сцена Зана Марјановиќ, која ја игра младата муслиманка , стои над масата додека разговара со војникот во униформа, кого го глуми Горан Костиќ.
Иначе Анџелина е веќе во Лос Анџелес каде започна со монтажата на филмот. Пред да замине од Будимпешта за тамошните медиуми изјави дека иако филмот се занимава со воена тематика, нема да биде премногу тежок.
-Важно е дека сакам да бидам сигурна дека направивме филм за они луѓе кои едноставно сакаат да одат во кино и да гледаат една љубовна приказна – ијавила Џоли. Не сакаме да ги одбиеме со билошто , што ќе делува премногу тешко, објасни таа.
Додека Џоли е окупирана со својот првенец , сите други се окупирани со неа и нејзиниот акарактер. Актерот Бранко Џуриќ - Џуро, кој глуми во првенецот на Анџелина Џоли, вели дека очекувал таа да е некоја разгалена холивудска ѕвезда, но се покажало дека е навистина голем професионалец и е упорна и прецизна во работата
Актерот, пејач и режисер во последните два месеци е во Будимпешта, каде глуми во режисерското првенче на Анџелина Џоли, „Untitled love story“. Бранко Џуриќ изјави колку е воодушевен и позитивно изненаден од Џоли.
- Очекував да е размазена, „лигла“, што би било нормално за холивудска ѕвезда. Но, таа е многу е вредна. Упорна е, прецизна и знае што сака - кажа популарниот Џуро.
Овој викенд во Сараево тој го претстави својот нов албум со неговиот бенд „Bombaj štampa“. Наводно требале да дојдат и Џоли со Бред Пит, но не се појавиле.
- Анџелина не дојде во Сараево бидејќи тука ја бие лош глас заради нејзиниот филм. Не сакаше да предизвика уште повеќе гнев во БиХ - изјави Џуро за весникот „Независне новине“.